Фудбалскиот клуб Црвена Звезда соопшти дека италијанската полиција им забранила на навивачите присуство во Милано за мечевите од Лигата на шампионите. Звезда во Милано треба да одигра два меча – против Интер на 1 октомври и Милан на 11 декември.
– МВР на Италија забрани пристап на “звездашите“ на натпреварите кои нашиот клуб ќе ги одигра во Милано против Интер и Милан. Црвена Звезда ги повика сите навивачи да не патуваат на тие натпревари, затоа што собирање во Милано како и влез на стадионот нема да биде дозволен. Одлуката важи за навивачите кои живеат во Србија, но и сите други европски земји.
За купување на билет е потребен пасош, а потоа име и презиме на билетот. Името на пасошот и билетот мора да бидат идентични при влезот на стадионот, соопштија од српскиот шампион.
Одлуката е мотивирана од инцидентите помеѓу навивачите на Црвена Звезда и Рома, кои кулминираа во последните години. Оние навивачи кои веќе купиле билети, како што стојат работите, ќе мора да се откажат од патувањето.