Лиза Карингтон, 35-годишната кајакарка од Нов Зеланд, денеска на Олимписките игри (ОИ) во Париз го освои седмиот златен медал во кариерата.
Таа, со 11-години помладата партнерка, Алиша Хоскин убедливо славеше во последната трка во кајак двосед на мирни води, на 500 метри, со време од 1.37:28 минута, што беше за две секунди побрзо од времето на Унгарците, Ципес и Гасо кои го освоија сребрениот медал.
Карингтон со седумте злата и една бронза во олимписката кариера, е најуспешниот олимпиец во историјата на Нов Зеланд. Таа и Хоскин освоија златни медали во Париз, како дел од составот на Нов Зеланд во кајак- четворосед.