Дагур Сигурдсон од Исланд, и официјално е назначен за селектор на ракометната репрезентација на Хрватска. Тој доаѓа на местото на Горан Перковац кој доби отказ по освоеното 11-то место на неодамнешното ЕП.
-Барав предизвик и авантура, нешто со страст. Сè се собра. Ова е дефинитивно голем предизвик за мене. Ни претстојат две предизвикувачки недели со многу работа.
Ја гледав Хрватска на ЕП. Има многу млади, но и искусни играчи. Предизвикот е да се најде баланс меѓу нив. Амбициозен сум и ентузијаст. Не’ чека многу работа, но мислам дека се’ добро ќе зе заврши, изјави Сигурдсон (50) на денешната прес-конференција.
Сигурдсон најголемите успеси во кариерата ги забележа како селектор на Германија која ја предводеше од 2014 до 2017 година. Со Германците тој освои злато на ЕП 2016 и бронза на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Рио де Жанеиро истата година.