ИОК за боксерките осомничени дека се мажи: Во пасошите им пишува дека се жени!

Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) одлучи да им дозволи учество на Игрите во Париз на две боксерки кои минатата година беа суспендирани од Светското првенство (СП). Тие се сметаат за биолошки мажи, а станува збор за Имане Келиф од Алжир и за Лин Ју-Тинг од Тајван.

Келиф и Ју Тинг потоа беа суспендирани со одлука на Меѓународната боксерска федерација (ИБА), која управува со најголемите натпреварувања во овој спорт.

Во меѓувреме, односите меѓу ИОК и ИБА се влошија, поради што ИБА беше исклучена од организацијата на боксерски турнири на ОИ, па сега е во надлежност на ИОК, кој донесе поинаква одлука во однос на Хелиф и на Ју-Тинг.

Портпаролот на ИОК, Марк Адамс ја бранеше одлуката на неговата организација.

– Нема да коментирам за поединци. Тоа е навистина злонамерно и неправедно. Само би рекол дека сите што се натпреваруваат во женска конкуренција ги следат правилата за подобност. Во нивните пасоши неведени е дека се жени.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО