Интер за 7 милиони евра купи млад Аргентинец

Милански Интер е на пат да го финализира договорот со фудбалерот на аргентински Њувелс Одл Бојс, Томас Перез. Веста ја потврди инсајдерот Фабрицио Романо, кој додоава дека миланезите се договориле за трансфер на Перез за вкупно 7 милиони евра, вклучувајќи бонуси.

Договорот на играчот е затворен, а сега се планира и лекарски преглед. 19-годишниот централен играч за врска за аргентинскиот клуб одигра 29 натпревари на кои постигна 1 гол.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО