Шефот на светската фудбалска асоцијација (ФИФА), Џани Инфантино, даде свое толкување околу евентуалното воведување на синиот картон во фудбалот.
Тој пред почетокот на последната сесија состаноци, кратко порача што мисли за оваа, најзвучна промена која би можела да се случи и да биде освоена.
Да потсетиме, пред бордот на ИФАБ, ќе биде изнесен предлог да се воведе син картон, кој би значил привремено исклучување за играчот кој го добил во тој момент.
Сепак, судејки според зборовите на Инфантино, синиот картон нема да се случи и нема да биде во иднина дел од овој спорт.
– Не, сепак нема да има син картон, ни во едно ниво од фудбалот. Тоа не е во склад со традицијата на ФИФА. Нема шанси да го воведеме ова“, порача Џани Инфантино.