Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, ги осуди случувањата на вчерашниот меч во Турција на кој „навивачите“ на Трабзонспор влегоа на теренот и ги нападнаа фудбалерите на Фенербахче.
– Суровоста што ја видовме по натпреварот е целосно неприфатлива и за неа нема место во спортот и во општеството. Го кажав тоа претходно и ќе го кажам повторно – во фудбалот, секој играч треба да биде заштитен и безбеден. Ги повикувам релевантните власти да се погрижат тоа да се почитува на сите нивоа и да бараат одговорност за шокантните настани во Трабзон, вели Инфантино