ИФАБ ќе се откаже од воведувањето син картон во фудбалот?

Воведувањето на синиот картон во фудбалот може да биде отфрлено, откако наиде на низа негативни реакции. Бордот на Меѓународната фудбалска асоцијација (ИФАБ), кој ги одржува и регулира правилата на фудбалската игра, ја одобри одлуката за воведување на син картон кој ќе се дава за тактички грешки и расправии со судиите.

Играчот кој ќе го добие синиот картон треба да биде исклучен од мечот от на 10 минути. Сепак, по низата негативни критики кои дојдоа од менаџерите како Јирген Клоп , Маурицио Покетино и Карло Анчелоти, а потоа и Микел Артета и Чави кои рекоа дека „тоа ќе го уништи фудбалот “ , ИФАБ не е сигурен за неговото воведување во прваилата на фудбалската игра.

Состанокот на бордот на ИФАБ ќе се одржи утре, 2 март, па останува да се сочекаат конечните одлуки.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО