Иџе ќе дебитира на NASCAR Euro!

Игор Стефановски Иџе ќе го има своето NASCAR Euro деби и истовремено ќе биде првиот македонец кој возел на NASCAR!

„Горд сум што ќе бидам првиот Македонец кој ќе вози во NASCAR! Овој викенд, на легендарната патека Zolder во Белгија, ќе имам можност за првпат да настапам во едно вакво престижно натпреварување.“ – напиша Иџе кога соопшти дека ќе се впушти во нов предизвик.

Иџе ќе вози за тимот „SpeedHouse“ Ford Mustang кој го носи бројот 20. Интересно е што Иџе ќе вози на на финалната трка од сезонава, која ќе се одржи на легендарната патека Zolder. Инаку, и ние имавме можност да бидеме дел од NASCAR Euro финалето пред неколку години и само ќе кажеме дека атмосферата е неверојатна! Сите возачи возат исти автомобили а разликите се минимални – па токму на овие трки се гледа вистинскиот талент на многу од возачите.

Инаку, ова е интересен следен чекор во кариерата на Иџе. Иџе, се гордееме со тебе, само напред!

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО