Хулиганите дивееја на римското дерби, играч на Рома погоден со шише

Лацио ќе игра во полуфиналето на Купот на Италија, откако во четвртфиналето го совлада градскиот ривал Рома со 1:0.

Дивеењето на навивачите од улиците која му претходеше на натпреварот се префрли и на трибините. Уште пред да почне натпреварот навивачите меѓусебно си фрлаа запалени факели на трибините.

Од насилството не беа поштедени ниту играчите. Во 76. минута со стаклено шише во грбот беше удрен фудбалерот на Рома, Едоардо Бове. Судијата покажа и три црвени картони, два на играчите на Рома и еден на Лацио.

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо загуби четири од шесте градски дербија откако ја презеде тренерската функција во 2021 година.

– Секогаш е болно да се загуби, двојно повеќе во дербито, изјави Мурињо.

Лацио во полуфиналето ќе игра против подобриот од мечот Јувентус – Фросиноне.

Во меѓувреме, Аталанта го победи Милан со 2:1 и се пласира во полуфиналето во кое ќе се сретне со Фиорентина, која ја победи Болоња со 5:4 на пенали.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО