Хрватска без искусниот Вида за мечот со Италија

Дефанзивецот на Хрватска, Домагој Вида го пропушти последниот тренинг на хрватската репрезентација пред натпреварот против Италија и нема да се најде во составот за натпреварот утре, на кој избраниците на Далиќ ќе бркаат три бода за да се пласираат во елиминациската фаза.

Поради повреда на скочниот зглоб, Вида ниту вчера не тренираше и нема да биде меѓу кандидатите за утрешниот дуел. Селекторот Златко Далиќ, исто како и пред мечот со Албанија, го одработи последниот тренинг на кампот во Нојрупин, а репрезентативците со автобус ќе заминат за Лајпциг попладнево.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО