Хрватот Јуриќ го превзема најлошиот тим во Премиер лигата?

Фабрицио Романо пишува дека Хрватот, Иван Јуриќ (49) ќе седне на клупата на англискиот премиерлигаш, Саутемптон.

Договорот би требало да биде потпишан денеска откако хрватскиот тренер целосно ќе го раскине договорот со италијанска Рома. Јуриќ ќе го наследи Расел Мартин, кој пред пет дена доби отказ по поразот дома од Тотенхем со 0:5.

Саутемптон сезонава се врати во Премиер лигата, но моментално е на последното место со само пет бода и е главен кандидат за испаѓање.

Јуриќ е невработен од 10 ноември, откако доби отказ од Рома. Тој на 18 септември ја презеде Рома од Даниеле Де Роси, а во сите натпреварувања оствари ефект од четири победи, три ремија и пет порази.

Рома под негово водство играше лош и неефикасен фудбал, а на Јуриќ му пресуди очајната форма во италијанскиот шампионат во последните пет натпревари од кои загуби четири. Покрај тоа се скара и со најдобриот играч, Паоло Дибала.

Јуриќ во кариерата ги водеше Мантова, Кротоне, Верона и Торино, а во три наврати беше тренер и на Џенова. Пред Рома три сезони раководеше со Торино, а минатото лето беше еден од главните кандидати за преземање на Хајдук. Таа комбинација пропадна, па Хајдук го ангажира Џенаро Гатузо.

Саутемптон нема победа од 2 ноември и домашното славје над Евертон во Премиер лигата. Јуриќ треба да дебитира на 22 декември на гости кај Фулам. Четири дена подоцна е домашниот натпревар против Вест хем.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО