Хет-трик шоу на Халанд – Сити го победи Челси со 4:2

Составот на Манчестер Сити, успеа да го победи и надигра Челси со резултат од 4:2.

Повторно лидер на теренот за „граѓаните“ беше неверојатниот Ерлинг Халанд, кој успеа да запише хет трик во оваа победа и да стави посебен печат на истата.

Сити преку Халанд поведе уште во 1. минута и практично најави дека овде ќе атакуваат на победа. Веќе неколку минути подоцна, истиот играч го дуплираше водството на Сити.

Во вториот дел Сити набрзина поведе и со 4:0, а Челси во 59. минута постигна прв гол преку Стерлинг, а конечните 4:2 ги постави Мадуеке во финишот на средбата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО