Иднината на некогашниот капитен на Ливерпул, Џордан Хендерсон во дресот на Ајакс е неизвесна. Како што пишуваат англиските медиуми, Хендерсон и уште една од скапите инвестиции на Ајакс, како Стивен Бергвајн се пред заминување од Амстердам поради очајната финансиска ситуација во клубот.
Ајакс ќе мора да направи бројни финансиски отстапки ако сака со нормално салдо да ја почне новата сезона. Тоа значи дека Хендерсон ќе мора да си побара нов клуб, иако дојде во Амстердам во јануари и потпиша договор до јуни 2026 година.
33-годишниот англиски репрезентативец засега нема назнаки каде би можел да ја продолжи кариерата.