Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, изјави дека немал никакви официјални разговори со луѓе од Фудбалската асоцијација на Англија за можната можност да го наследи Герет Саутгејт.
-Целосно сум посветен на Њукасл. Не треба да зборувам за тоа со играчите. Верувам дека тие го знаат тоа – вели Хау кој се насочи на враќањето на Тонали кој беше суспендиран 10 месеци поради недозволено обложување.
-Тој е добро. Очекувам да се вклопи прилично брзо. Веројатно ќе му треба малку време за да го достигне најдоброто ниво – вели менаџерот на Њукасл.