Хари Кејн во финалето на ЕП може да го повтори подвигот на Герд Милер

Англискиот фудбалски репрезентативец Хари Кејн зад себе има повторно инзворедна индивидуална сезона каде е најдобар стрелец во Европа, најдобар стрелец во Лигата на шампионите и најдобар стрелец во Бундеслигата.

Хари Кејн истотака во финалето на ЕП може да оствари и импресивен подвиг каков што е виден само еднаш во историјата на фудбалот.

Кејн може да стане само вториот играч кој ја освоил „Златната копачка“ и на Европско и на Светско првенство. Досега тоа достигнување го има остварено само легендарниот германски напаѓач Герд Милер.

Кејн на ова Европско првенство постигна три гола и е на делба на првото место со Дани Олмо, Коди Гакпо, Џамал Мусијала, Георге Микаутадзе и Иван Шранц.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО