Хари Кејн: Покажавме цврстина, затоа сме во полуфиналето на ЕП

Напаѓачот и капитен на англиската репрезентација, Хари Кејн изјави дека е горд на своите соиграчи по пласманот во полуфиналето на Европското првенство (ЕП). Англија ја совлада Швајцарија по подоброто изведување на пенали. со 5:3.

Претходно по 120 минути игра резултатот беше 1:1. Швајцарија поведе со голот на Емболо во 75. минута, а пет минути подоцна Букајо Сака израмни на 1:1.

– Ние сме во полуфиналето, така што засега ни оди прилично добро. Мислам дека го одигравме најдобриот натпревар на турнирот. Игравме против навистина добар тим. Швајцарија ни правеше проблеми во некои периоди од играта, но ние сепак се пласиравме во полуфиналето.

На момците треба да им се оддаде голема заслуга што се вратија од негатива од 0:1. Покажавме голема цврстина во текот на целиот турнир. Кога ќе ги погледнете победниците на големите турнири, тие го покажувале тој квалитет. Пред сè, покажаа цврстина. Ние ја поседуваме токму таа карактеристика, изјави Кејн.

Англија и Холандија, ќе играат во среда во Дортмунд, а утре, во првото полуфинале во Минхен, ќе се сретнат Шпанија и Франција. Двата меча почнуваат во 21 часот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО