Хаос од синоќа: Швеѓаните бараат поништување на резултатот – ЕХФ денес на потег

Швеѓаните воопшто не се задоволни од синоќешната арбитража на македонскиот судиски двоец Начевски – Николов.

На овој натпревар видовме неколку пресврти, но и две сомнителни судиски одлуки на штета на Скандинавците, кои директно ги турнаа „триколорите“ во финалето.

Посебно интересен е моментот кога Франција на 15 секунди до крајот, доаѓаат до гол заостанување, а Шведска бара тајм-аут и не успева да ја заддржи топката до крај. Потоа добиваат удар од голема далечина, по што некако успеваат преку живиот ѕид да постигнат гол за кој Швеѓаните сметаат дека е крајно нерегуларен.

Пранди ја зеде топката и го постигна еден од најспектакуларните голови во историјата на овој спорт во последните 27:27. Сепак, на тој гол имаше дамка, бидејќи остана прашањето дали при ударот ја мрдна левата нога.

ЕХФ треба во текот на денешниот ден да донесе конечна одлука, но тешко е да се верува дека голот може да биде поништен со кој Франција дојде до егал, а подоцна и до победа за финале.

Швеѓаните на спротивната страна, бараат да се доигра последниот период од мечот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО