Седумкратниот шампион во Формула 1 (Ф1), Британецот Луис Хамилтон, конечно проговори за одлуката за преселба во Ферари. Тој вели дека за тоа решил самостојно, и оти за тоа не знаеле ниту неговите родители.
– Не разговарав со никого за тоа. Не им кажав ниту на моите родители, се’ до денот кога беше објавено. Значи никој ништо не знаеше. Сакав да го направам тоа сам, морав да одлучам што е најдобро за мене. Сè се случи многу брзо. Си реков: „Во ред, треба малку да размислам“. Но, не ми требаше многу време за размислување, им верував на моите инстинкти и решив да ја искористам можноста, рече Хамилтон.