Колумбискиот фудбалер, Хамес Родригез се враќа во Ла лига овојпат со договор за засилување на редовите на Рајо Валјекано.
Хамес минатата година имаше квалитетни настапи за Сао Паоло во Бразил и репрезентацијата на Колумбија на Копа Америка.
По истекот на договорот со Сао Паоло се одлучи за враќање во Европа, и ја прифати понудата од поранешниот клуб на Столе Димитриевски.
Покрај Рајо, 32-годишниот Родригез преговарал и со Селта, но сепак од Рајо биле далеку поконкретни во желбата за негов ангажман.