Хамес Родригез се враќа повторно во Европа – и повторно во Мадрид

Пред десетина години, или точно во 2014 година, Хамес Родригез беше вистинска сензација, кога за својата Колумбија на СП беше најдобар поединец.

Неговиот трансфер подоцна во Реал го сметаа за полн погодок, но тој никогаш не го исполни својот полн потенцијал и поради неговата кариера тргна надолу од 2020 година.

Но сега, сепак добива втора шанса и тоа повторно во Мадрид. Офанзивниот фудбалер потпиша за Рајо Ваљекано и така се врати во главниот град на Шпанија по четири години. До душа овој пат ќе игра во предградието Ваљекас.

Шпанскиот клуб во соопштение потсети дека Родригез во јули оваа година беше прогласен за најдобар играч на Копа Америка. Репрезентативецот на Колумбија го освои второто место на Купот на Америка, откако во финалето беа поразени од Аргентина (1:0).

Хамес играјки за Реал на 125 натпревари, постигна 37 голови, а освен во Реал, низ кариерата играше и за Енвигадо, Банфилд, Порто, Монако, Баерн, Евертон, Ал Рајан и Олимпијакос.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО