Халанд со двојка го реши Борнмут, Сити продолжува со победите

Ерлинг Халанд повторно беше во центарот на вниманието, овој пат против Борнмут, водејќи го Манчестер сити до победа од 3:1 на домашен терен.

Големата ѕвезда на Сити постигна погодок уште во 17‑та минута, отворајќи го резултатот. Но, грешка на голманот Донарума овозможи изедначување преку Алех Адемола.

Халанд не дозволи изненадување и во 33‑та минута постигна втор гол, враќајќи ја предноста на Сити. Во второто полувреме, О’Рајли стави точка на мечот со својот прв гол за тимот во 60‑та минута.

Со оваа победа, Халанд ја продолжи фантастичната форма, со вкупно 26 гола на 16 натпревари во сите натпреварувања, од кои 13 во Премиер лигата. Манчестер Сити со ова го зацврсти своето водство на табелата, додека Борнмут останува во долниот дел.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО