Халанд: Ќе ви кажам нешто што ќе заврши на насловните страници!

Ерлинг Халанд (23) беше на прес-конференцијата во пресрет на реванш мечот од осминафиналето во Лигата на шампиони (ЛШ) меѓу Манчестер сити и Копенхаген, што ќе се одигра утре на стадионот „Етихад“. Во првиот меч Сити победи со 3:1.

Новинарите го прашаа Халанд, кој пристигна во Сити од Борусија Дортмунд во летото 2022 година, и има важечки договор до 2027-та, за гласините дека следната година ќе се пресели во Реал Мадрид.

– Ќе кажам нешто што ќе заврши на насловните страници во сите медиуми, а тоа е дека никогаш не се знае што носи иднината…Но навистина сум среќен во Сити, особено со луѓето со кои сум опкружен, со тренерот, директорите, управата. Напишете го тоа што прво ви го кажав, но и оти сум среќен тука, одговори Халанд.

На прашањето за потпишување нов договор со Сити, тој рече: „Се фокусирам на играта. Имаме многу натпревари. Пред два дена беше дербито со Јунајтед, следно е Лигата на шампионите, а во недела играме со Ливерпул. Затоа морам да се фокусирам на тоа“.

Халанд постигна 28 гола, плус шест асистенции на 31 натпревар сезонава. Лани тој даде 52 гола на 53-те настапи и со Сити триумфира во ЛШ, во Премиер лигата и во ФА купот.

Норвешкиот напаѓач беше втор во изборот за „Златна топка“ за 2023 година, зад Лионел Меси.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО