Фудбалскиот клуб Хајдук Сплит за рекордно време го распродаде контингентот сезонски билети кои беа пуштени во слободна продажба. Повеќе од 15.000 навивачи го обновиле членството од лани и си купиле сезонски билети.
– Како што претходно најавивме, бројот на претплати достапни во слободна продажба ограничен е на 15.000 поради потенцијалното изведување на работите на покривот на „Пољуд“ што може да резултира со ограничување на капацитетот на трибината во одреден период, соопшти клубот.
Што се однесува до цените, навивачката група „Торцида“ за северната трибина на „Пољуд“ плаќа по 132 евра, додека, на пример, „Бед блу бојс“, навивачите на Динамо Загреб, за својата трибина на „Максимир“ плаќаат по 170 евра.