Гвардиола за своето однесување во соблекувалната: Понекогаш не можам да се контролирам!

Манчестер сити пред неколку дена објави видео од соблекувалната на која се гледа како менаџерот Пеп Гвардиола галами пред своите играчи објаснувајќи им колку е тешко да се биде шампион во Премиер лигата четири пати по ред.

Видеото е објавено како трејлер за документарниот филм „Заедно, четири по ред“ (Together: 4-In-A-Row).

Сити е шампион во англиската Премиер лига во последните четири сезони, односно шест пати во последните седум сезони предводен од страста и знаењето на својот стратег. Трофејниот шпански стручњак и самиот призна дека понекогаш може да претера во изливите на страста.

„Затоа што никој никогаш не освоил четири Премиерлиги по ред! Тоа е причината! Затоа што е толку тешко! е дел од она што Гвардиола го извикуваше во соблекувалната на Сити и што беше прикажано во најавата за час и половина долгиот документарец.


– Не секогаш се гордеам на моето однесување, особено кога веднаш по натпреварот налутено им ги пренесувам емоциите на играчите. Јас сум човек. правам грешки, не ми се допаѓа тоа, но понекогаш не можам да се контролирам. рече тој.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО