Гвардиола возврати на критиките: „Тој е тренер за втора или за трета лига…“

Во 30. коло од англиската Премиер лига, Манчестер сити и Арсенал одиграа без голови. Со тоа беше прекината серијата од 57 последователни натпревари на кои „граѓаните“ постигнуваа гол на домашен терен.

Норвешката „гол-машина“Ерлинг Халанд одигра лош меч за што доби низа критики. Прв во низата жестоки критичари, беше поранешниот капитен на Јунајтед, легендарниот Рој Кин, кој немаше милост при оценувањето на настапот на Халанд.

– Ова беше многу лошо. Иако секогаш е одличен пред голот, неговата севкупна игра беше под очекувањата, на ниво на играч од четвртата англиска лига. Ќе мора да работи на тоа за да се подобри следната сезона, што сигурно ќе го направи, но треба што поскоро да почне, изјави Кин.

По ова не требаше долго да се чека на одговорот на менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола. Најавувајќи го првенствениот меч против Астон вила, Гвардиола не ја пропушти можноста да му одговори на Кин со сличен тон.

– Не се согласувам со него. Тоа е како да кажеш „Тој е тренер за втора или за трета лига“, тоа едноставно не е точно. Тој е најдобриот напаѓач на светот и ни помогна да го освоиме сето она што го освоивме минатата сезона.

Причината поради која не создаваме многу шанси не е Ерлинг, туку недостигот од играчи во последната третина. Одигравме исклучителен натпревар против Арсенал, заклучи каталонскиот стручњак.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО