Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола ги сподели размислувањата пред почетокот на новата сезона во англискиот шампионат.
– Возбуден сум пред претстојната сезона. Веќе видов работи што ми се допаѓаат. Ова е нов предизвик, можеме да го собориме сопствениот рекорд од минатата сезона. Ќе ги тестираме сопствените амбиции.
Со нетрпение очекувам да се вратам покрај теренот, изјави Гвардиола за прес-службата на Сити на социјалната мрежа Х.
Новата сезона во англиската Премиер лига за „граѓаните“ ќе почне на 18 август. Во 1. коло од англискиот шампионат, избраниците на Гвардиола во дербито ќе се сретнат со Челси.
Фудбалерите на Манчестер сити утре на стадионот „Вембли“ во Лондон на отворањето на сезоната, го играат натпреварот од Комјунити шилд купот против освојувачот на ФА купот, Манчестер јунајтед.