Гвардиола треба да биде горд што доаѓа на моето место

Португалскиот тренер Жорж Жесус ќе го напушти Ал Наср ова лето откако го водеше клубот до титулата во лигата на Саудиска Арабија.

Жесус, кога пристигна во Саудиска Арабија, си постави јасна цел – да не остане долго и да го освои првенството. И тоа го исполни. Со вчерашниот триумф над Дамак, Ал Наср ја освои својата 11-та титула, прва од 2019 година.

„Го прифатив овој предизвик само затоа што сакав да му помогнам на Кристијано Роналдо да стане шампион на земјата. Пред да дојдам, му кажав дека ќе бидеме шампиони и дека потоа ќе си заминам“, рече Жесус.

Се шпекулира дека во Ал Наср ќе го наследи да биде Пеп Гвардиола. На прославата на титулата, Жесус беше прашан дали тоа го прави горд.

„Не. Тој е некој што треба да биде горд што доаѓа на моето место, а не јас“, јасно и гласно кажа искусниот португалски тренер.

Foto:EPA

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО