Фудбалерите на Манчестер сити по кратката пауза поради активностите на репрезентациите, ги чека големото дерби со Арсенал во Премиер лигата, на 31 март на „Етихад“.
Менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, вели дека пресметката со „топчиите“ ќе биде како големо финале за неговите избраници бидејќи може да го реши прашањето околу освојувачот на шампионскиот пехар.
– Имаме финале против Арсенал но, сега малку ќе се одмориме бидејќи имавме интензивен период. Дел од фудбалерите ќе добијат одмор. Потоа ќе имаме неколку дена да се подготвиме за мечот со Арсенал, изјави Гвардиола.