Тренерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола даде информации за состојбата на неговите две најголеми ѕвезди – Ерлинг Халанд и Кевин де Бруин. Шпанецот упати пофалби и за Кол Палмер, кој минатото лето се пресели од Сити во Челзи, а моментално е најдобар стрелец во Премиер лигата со 20 гола и 9 асистенции.
„Ерлинг Халанд почувствува нешто, проблемот е со мускулот. Ќе видиме за него дали ќе игра против Челзи во ФА Купот. Кевин де Бруин го почувствува својот напор, тој е толку уморен, но сега се чувствува добро и може да биде вклучен во составот” – изјави Гвардиола.
„Кол Палмер сакаше да го напушти Манчестер Сити две сезони. Му реков да остане, тој сакаше да замине. Што да правиме?! Тој е неверојатен играч со огромен потенцијал… Не му ја дадов минутажата што ја заслужи и минутажата што ја добива сега во Челзи“, додаде Гвардиола.
Челзи и Манчестер Сити ќе се спротивстават на „Вембли“ во сабота во 18.15 часот во полуфинална пресметка од ФА Купот.