Играчот од средниот ред на германската репрезентација, Илкај Гундоган, не крие дека очекува старт со победа над Шкотска на ЕП.
– Нашиот тренер ни даде план што ќе треба да го следиме. Секој си ја знае работата поради што можеме да дадеме максимум на теренот. Да се биде дел од овој тим и да се прави земјата горда е неверојатна чест. Навистина се радувам на тоа. Треба да ја најдеме вистинската рамнотежа и ако го направиме тоа, ќе бидеме во добра позиција.
Некаде прочитав дека Шкотска може да не’ изненади. На средината од теренот ќе биде напнато. Тие се искусен тим кој е избалансиран и знае кога да се брани длабоко. Против нас тоа може да се случува и почесто, бидејќи нашата игра повеќе се базира на посед на топката. Мислам дека атмосферата ќе биде многу позитивна. Но најважно е да победиме и да ги освоиме првите три бода, вели Гундоган.