Првиот голгетер на селекцијата на Грузија на Европското првенство (ЕП) во Германија, Жорж Микаутадзе, нема да замине во редовите на Монако, објави новинарот Фабрицио Романо, на социјалните мрежи.
Фудбалерот на францускиот Мец кој одигра одлично на континеталниот собир и беше меѓу добитниците на „Златната копачка“ за најдобар стрелец, веројатно ќе потпише за Лион. Тој во минатата сезона одигра 31 меч со ефект од 14 гола и четири асистенции.