(ФОТО) УЕФА го избра најдобриот тим на ЕП: Шпанците доминираат, само еден Англичанец

Се одржа уште едно европско фудбалско првенство на кое титулата ја освои Шпанија која во финалето беше подобра од Англија (2:1) и ја освои четвртата шампионска титула што е рекорд.

„Црвената фурија“ овој успех го постигна благодарение на младите, 17-годишен Ламин Јамал, како и 22- годишниот Нико Вилијамс, кои доминираа на турнирот.

Освен нив, за најдобар фудбалер на турнирот беше прогласен Родри, за кого, јасно, има  место во најдобриот тим на првенството. Освен Родри и споменатите Јамал и Вилијамс, Шпанија меѓу најдобрите 11 ја претставуваат уште Фабијан Руиз, Марк Кукурела и Дани Олмо.

Иако беше поразена во полуфиналето, Франција имаше двајца играчи, Вилијам Салиба и и голманот Мајк Маињан.

Германците и Швајцарците со со по еден играч, добија по еден претставник Џамал ​​Мусаила, односно Мануел Аканџи, а честа на финалистот Англија, ја одбрани бекот Кајл Вокер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО