ГРК Охрид денес го игра реваншот против грчки Олимпијакос

РК Охрид денес во салата „Билјанини извори“ го игра реванш натпреварот од 1/4 финалето од ЕХФ Европскиот Куп против грчки Олимпијакос. „Гладијаторите“ имаат предност од 5 гола разлика од првиот меч одигран на гостински терен, но и стручниот штаб и играчите предупредуваат дека ништо не е готово и дека конечниот победник ќе биде одлучен по натпреварот во Охрид.

Уште еднаш апелираме за фер и коректно навивање. Дојдете во “Билјанини извори” заедно да испишеме историја!, велат од клубот.

Вратите за натпреварот кој ќе се игра од 18:00 часот се отвораат во 16.30 часот.

Натпреварот ќе се пренесува во живо на МРТ 3 .

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО