Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски, го скрати списокот на репрезентативки за последните два меча од квалификациите за Европското првенство (ЕП).
Од листата се избришани Кицеска, Дабевска и Божиновска, а дополнително се повикани Ема Кирова, Сара Стефаноска и Емилијана Ризоска.
Македонија ја очекува гостување кај Азербејџан и домашниот натпревар со Литванија. Според досегашните резултати, нашите ракометарки се многу блиску до пласман во завршницата на континеталниот собир.