Најдобрата македонска судиска комбинација, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе биде активна во четвртфиналната рунда во Лигата на шампионите.
Едни од најценетите светски судии добија задача од Европската ракометна федерација (ЕХФ) да ја делат правдата на реванш натпреварот меѓу Алборг и Фуксе Берлин што се игра во Данска.
„Лисиците“ беа доминантни во првиот меч и остварија победа од осум разлика (37:29) и дефинитивно се во одлична позиција да обезбедат пласман на завршниот фајналфор турнир во Келн. Освен Начевски и Николов кога се во прашање официјалните лица, улогата на делегати ја имаат Предраг Павичевиќ од Црна Гора и Ејвинд Тогштад од Норвешка. Средбата се игра вечерва од 18;45 часот.