Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа избори место во полуфиналето на силниот фјучерс што се игра во Фигеира де Фож во Португалија.
Лина ја потврди добрата форма и ја разби втората носителка на турнирот Ребека Марино со 2-0 во сетови со 6-1 и 6-1. Средбата на централниот терен траеше помалку од еден час, Македонката искористи 6 од 11 брејк топки или севкупно освои 24 повеќе поени од Канаѓанката (24) која е 68 позиции подобро рангирана на ВТА листата од тетовката.
За место во финалето Ѓорческа ќе мора да ја мине тенисерката која во минатото беше 10 на ВТА ранкингот, Кристина Младановиќ. Французинката со балкански корени се истроши денеска, играше трипол часа, па тоа дефинитивно може да биде искористено од Лина во утрешниот меч.
Овој фјучерс се игра на тврда подлога за награден фонд од 100.000 долари.