Ѓорческа го надмина проблемот со визата и ќе игра квалификации во Вимблдон

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе има можност да настапи во квалификациите на следниот Грен Слем турнир во Вимблдон.

Откако конечно ги реши административните проблеми и пристигна во Лондон , Ѓорческа сега може да се адаптира на тревнатите терени на Вимблдон. Македонската тенисерка ќе игра во квалификациите каде чека да ја добие првата противничка. Настапот на Ѓорческа на овој турнир беше под знак прашалник затоа што таа и нејзиниот тренер Лабудовиќ имаа проблеми со визата, но сега се тоа е надминато.

Ѓорческа оваа година играше во квалификациите на Австралијан Опен и на Ролан Гарос, но не успеа да ја мине првата квалификациска пречка, се надеваме дека во третиот обид ќе направи исчекор напред и ќе помине некое квалификациско коло.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО