Горазд Србљак мораше да игра маратонски меч, но на крајот обезбеди место во осминафиналето на фјучрост во Куршумлијска Бања во Србија.
Македонскиот тенисер играше со австрискиот ривал Јан Кобиерски, а токму противникот беше подобар во првиот сет, па освојувајќи го истиот со 6:3.
Србљак го возврати ударот во вториот сет кој го доби со 7:5, а во третиот се врати од негатива и со два брејка стигна до посакуваните 6:4 и пласман во следната рунда.
Македонецот утре за противник го има третиот носител Федерико Бондиоли од Италија.
На истиот фјучрс со награден фонд од 15.000 долари настапи и Обрад Марковски, но на турнирот во игра на двојки каде денеска беше поразен во дубл со Стефан Латиновиќ