Горазд Србљак елиминиран во четвртфиналето во Куршумлијска Бања

Македонскиот тенисер Горазд Србљак не успеа да се пласира во полуфиналето на фјучрсот во Куршумлијска Бања, каде денеска е совладан од Луј Теса од Франција и го загуби мечот во два сета.

Ривалот кој е седми носител, го добил првиот сет со 6:2, а вториот со 6:4, за по сто минута борба да си обезбеди место меѓу четворицата најдобри тенисери на турнирот.

Турнирот се игра за награден фонд од 15.000 долари.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО