Голманот на Германија, Андреас Волф, ја доби наградата за фер-плеј

Голманот на ракометната репрезентација на Германија, Андреас Волф, е добитник на германската спортска награда за фер-плеј, која им се доделува на спортистите кои отелотворуваат почит, пријателство или солидарност, како на теренот, така и надвор од него.

Волф ја доби наградата поради однесувањето за време на мечевите на Светското првенство (СП) кое лани се одржа во Полска и во Шведска.

Тој на дуелите против Алжир и против Норвешка на двапати интервенираше кај судиите за да ги спречи суспензиите на противничките играчи откако ненамерно го погодија со топка во главата.

– Андреас Волф не само што покажа извонредни спортски способности, туку и примерен став во интензивните натпреварувачки ситуации. Извонреден беше неговиот гест пред крајот на мечот против Норвешка што Германија го загуби со 26:28, се наведува во образложението за доделената награда на Волф.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО