Големи промени во шахот. Нема повеќе пумпање рејтинг

Интернационалната шаховска федерација (ФИДЕ) воведе голем број промени во квалификациските натпревари за следниот турнир на кандидати во 2026 година.

Најзначајната новина е што поразениот од дуелот за светската титула повеќе нема автоматски да добива место на следниот турнир на кандидати, туку ќе мора да учествува во квалификациите како и сите други играчи.

За да се компензира оваа промена, натпреварот за светската титула во 2024 година ќе биде признаен како турнир за најдобар годишен учинок (круг на ФИДЕ) и поразениот играч ќе добие специјални бонус поени, кои ќе зависат од резултатот на натпреварот.

Местото резервирано за играчот со највисок рејтинг ќе се определува според просечниот шестмесечен рејтинг, а не повеќе според сегашниот рејтинг на 1 јануари. На овој начин ФИДЕ ја елиминира можноста играчите да го пумпаат рејтингот на произволни натпревари во декември, како што тоа го направи Алиреза Фируџа на крајот од минатата година.

Две места се резервирани за најуспешните турнирски играчи во 2024 и 2025 година (круг на ФИДЕ), каде ќе се брои просекот од седум (досега беше пет) најдобри резултати.

Три места ќе добијат тројцата првопласирани од Светскиот куп (СК) 2025 година. Обезбедени се и две места за двајцата првопласирани од „Големиот Швајцарец“ на ФИДЕ.

Редослед на пополнување: тројца играчи од СК, двајца од „Големиот Швајцарец“, двајца играчи од колото на ФИДЕ (2024 и 2025-та) и еден играч од рејтинг листата.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО