Големата желба на Енди Мареј во Австралија – Новак Ѓоковиќ!

Британскиот тенисер Енди Мареј, порача дека посакува да има дуел со Новак Ѓоковиќ на овогодинешното издание на Австралија Опен.

По откажувањето на Рафаел Надал од овој турнир, полека но сигурно паѓа квотата за освојување на турнирот од страна на Новак Ѓоковиќ, а тука е и Карлос Алкараз.

Но и покрај фаворитската улога, Енди Мареј посакува да има пресметка со Новак Ѓоковиќ.

– Се надевам прво дека ќе дојдам до третото коло. Не сум баш најдобар на гренд слем турнирите последните неколку сезони, така да ќе бидам концентриран во Австралија на првиот натпревар. Секако би сакал да имам можност да одиграм против Новак, ако е можно, го посакувам тоа, порача Мареј.

Иако обложувалниците при таква ситуација не би му дале големи шанси, тој сепак си посакува пресметка со првиот светски рекет.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО