Ѓоковиќ пред Вимблдон: Доколку не можам да играм..

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, се појави деновиве на Вимблдон по операцијата која ја имаше пред извесен период, па се очекува деновиве да биде потврдено дали тој ќе настапува.

Лекари предвидуваа претходно дека тој тешко ќе може по една таква операција, така брзо да застане и да игра во топ форма, тој сепак, се појави на терените на Вимблдон, покажа еден витешки дух и допрва треба да се потврди дали ќе игра.

– Не дојдов овде да одиграм неколку рунди. Рехабилитацијата оди во вистински правец, секој ден се подобро. Тоа е она што ми дава надеж и поттик, да одам чекор по чекор. Ги преземам работите постепено, не форсирам 100%, но се надевам дека тоа ќе се случи во следните денови. Ако знам дека можам да играм блиску максимумот, тогаш ќе играм, ако не, тогаш ќе му дадам шанса на некој друг да игра, порача Новак Ѓоковиќ.

Вториот тенисер во светот сака да ја запре сушата без освоена титула годинава, посебно откако ланската година освои три од четирите гренд слем титули.

Неговиот единствен пораз лани на гренд слем турнирите се случи баш на Вимблдон, каде во пет сетови беше поразен од Карлос Акараз. Вимблдон стартува од 1 до 14. јули.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО