Ѓоковиќ откри каков проблем го мачи

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло на Австралија Опен.

Србинот успешно ја започна својата потрага по својата 25. Гренд слем титула и 11. трофеј во Мелбурн, но се мачеше во првото коло со хрватскиот квалификант Дино Прижмиќ. Новак на крајот по голема борба го совлада тинејџерот кој е 178. на АТП листата со 3:1. Во сетови беше 6:2, 6:7, 6:3, 6:4.

Новак на прес-конференцијата откри што му пречело последните денови.

-Не сум баш најдобро во последните 4-5 дена, може да се види по мојот глас. Се обидувам да се справам со тоа и да извлечам колку што можете повеќе. Имав одличен противник вечерва, 18-годишникот беше одличен. Задоволен сум од неговиот менталитет и пристап. Слушам одлични приказни за неговата дисциплина. Неговата посветеност на секојдневните рутини го прави многу успешен на 18 години. Тој ќе биде одличен играч еден ден“, изјави Ѓоковиќ на почетокот.

Затоа ќе го прескокне тренингот во понеделник, знаејќи дека следниот дуел ќе биде „дури“ во среда.

-Можеби ќе го прескокнам тренингот утре и ќе работам со полесно темпо само за да го одржам телото во добра кондиција. Минатата година не тренирав пред натпреварите. Корисно е откако ќе одиграм четири часа во првото коло. Ќе видиме во утрото“, им рече Новак на новинарите.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО