Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ одлучил да не престојува во олимпиското село за време на Олимписките игри (ОИ) во Париз, и наместо тоа ја одбрал приватноста!
Оваа информација ја пренесе сајтот „клејтенис“ (claytenis.com), кој ги пренесува и зборовите на организаторите на српската делегација.„ Очекуваме Новак да пристигне во следните неколку дена, иако нема да остане со нас во селото“.
Од друга страна, српскиот тим од 112 спортисти ќе ги заземе сите катови на една од зградите во цитаделата лоцирана во северното предградие на Париз, Сен Дени.
На Игрите во Токио 2021, Ѓоковиќ избра да биде со другите спортисти. Во Јапонија тој беше една од најпопуларните во селото, а спортистите од различни земји и дисциплини сакаа да се сликаат со него или да добијат совет.
– Уживам во секоја секунда, на место со повеќе од 10.000 спортисти, разменувајќи знаења, животни приказни и работи за спортот. Такво искуство не се добива никаде на друго место, рече Ѓоковиќ пред три години.
На ОИ во Рио де Жанеиро 2016 година, тој го направи истото што ќе го направи и во Париз.