Алехандро Таблио успеа сензационално да го добие Новак Ѓоковиќ со 2:0 во сетови и да приреди голем и неочекуван резултат.
Можеше да се види дека Новак Ѓоковиќ на овој натпревар немаше ни жар, ни енергија, кои беа неопходни за да го добие натпреварот. Сето тоа беше во сенка на инцидентот кој се случи ден претходно, кога алуминиумско шише го удри во глава и мораше да прима медицинска помош.
Тоа беше еден од најбрзите порази во кариерата на Новак Ѓоковиќ, но самиот тенисер е свесен дека доколку сака триумф на Ролан Гарос, ваков луксуз не смее да си дозволи во Париз.
– Го немав потребниот ритам, баланс и координација. Донекаде сум загрижен, бидејки многу работи мора да се променат до почетокот на Ролан Гарос. На тренинзите немав никакви проблеми. Морам да сочекам и да видам до што е проблемот, дали до она со шишето или е нешто друго.
– Се чувствував доста лошо и под натпреварувачки стрес. Немав доволна координација, бев тотално различно од претходното коло. Очекувам дополнителни прегледи на магнетна резонанца, да видам дали е се во ред. Тоа беше неочекувана несреќа, само почувствував силен удар во главата, потоа имав мачнини, вртоглавица и крварење, порача Ѓоковиќ.