Ѓоковиќ, Меси, Дуплантис, Шифрин… кандидати за престижното признание

Новак Ѓоковиќ (тенис), Мондо Дуплантис и Ноа Лајлс (атлетика), Лионел Меси и Ерлинг Халанд (фудбал) и Макс Верстапен (Формула 1), се кандидати за добивање на престижната награда спортист на 2023-та година во изборот на Светската спортска академија, Лауреус.

Кај жените кандидирани се Ајтана Бонмати (фудбал), Шерика Џексон, Вера Кипјегон и Ша’Кари Ричардсон ((атлетика), Микаела Шифрин (скијање) и Ига Швјатек (тенис).

Меси е последниот добитник на наградата за 2022-та. Ѓоковиќ пак четирипати го добиваше ова признание.

Доделувањето на наградите ќе биде во Мадрид на 22 април. Номинираните ги предложија новинарите и претставници на тв-станиците, а Лауреус, во која има неколку спортски легенди, ќе гласа за победниците.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО