Ѓоковиќ и Алкараз експресно во 2. коло во Париз

Првиот носител на машкиот тениски олимписки турнир, Србинот Новак Ѓоковиќ го победи Австралиецот Метју Ебден со фантастично убедливи 2:0, по сетови 6:0, 6:1 во првото коло на тенискиот турнир на Олимписките игри.

Ѓоковиќ лесно го започна патот до златниот медал во Париз. Во својот 28 меч го забележа 18-от триумф во кариерата на Олимписките игри. Дуелот против Метју Ебден траеше 53 минути и со само еден загубен гем на српскиот тенисер.

Новак во второто коло ќе игра против подобриот од мечот Рафаел Надал (Шпанија) – Мартин Фуцович (Унгарија).

Одлично отворање имаше уште еден фаворит за златото, Шпанецот Карлос Алкараз. Тој во премиерната рунда во два сета со 6:3 и 6:1 го совлада Либанецот Хабиб.

Во второто коло Алкараз го чека подобриот од мечот меѓу Нори (Бри) и Грикспур (Хол).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО