Новак Ѓоковиќ во моментот се натпреварува на турнирот во Женева, но со мислите веќе е на Ролан Гарос, каде ќе има сериозен предизвик.
Српскиот тенисер на последниот натпревар оствари рутинска победа со 6:3, 6:3, против Јаник Ханфман и се пласира во четвртфиналето.
Во разговор за медиумите по натпреварот, го прашаа што мисли кој е фаворит на претстојниот турнир во Париз, тој како од топ, одговори:
– Кога зборуваме за Ролан Гарос, а Надал е таму, тогаш нема што да разговараме, тој е секогаш најголем фаворит таму. Очигледно не сме на исто ниво во моментот, но тој е сепак Рафаел Надал и на Ролан Гарос е фаворит, порача Новак Ѓоковиќ.
Доколку се случи евентуален триумф на Надал во Париз, можно е да очекуваме дека тој ќе го најави своето повлекување.